По инцидентот во Лопате, осомничените се уште на слобода

Двете лица што беа  повредени во инцидентот што се случи синоќа во близина на железничкиот премин во кумановското село Лопате утрово се пуштени на домашно лекување, информираат од хируршкото одделение, а по осомничените се уште се трага.  До инцидентот  дошло поради претходна расправија помеѓу две групи младинци од селата Липково и Отља.

 Според полицијата,  вчеравечер околу 20 часот, двајца браќа 33 годишниот Фуркан и три години помладиот Фарук А. со уште едно, за сега непознато лице со фолксфаген венто со кумановски регистарски таблички му го попречиле патот на возилото фолксфаген шаран со австриски национални ознаки во кое се наоѓале 18 годишни браќа близнаци  и дваесетгодишниот Ремзи А. Осомничените веднаш излегле од вентото по што 33 годишниот Фуркан  со рачка од пиштол почнал да удира во страничното стакло на возачката врата од другото возило. Со цел да се избегне инцидент, едниот од близнаците го стартувал автомобилот и тргнал но удрил во заштитна ограда и застанал. Како што соопштува МВР истите веднаш биле физички нападнати, а третото момче било удрено и со тврд предмет во пределот на главата. Со телесни повреди се здобил и еден од двајцата браќа, по што биле пренесени во кумановската болница заради укажување лекарска помош. Жители на Лопате тврдат дека освен физичка пресметка , се слушнале и истрели од огнено оружје, но за среќа куршумите не завршиле во момчињата,  туку во автомобилот шаран. Полицијата веднаш го блокирала влезот на селото и додека траел увидот била направена километарска колона од возила кои сакале да влезат во Лопате бидејќи тоа е патот кон липковскиот регион. Некои од жителите велат дека во Лопате се живее мирно, а дека ова се инцидентни случаи.

-Се чувствуваме многу безбедно. Моментално живееме како во Сирија. Од нашите политичари еве што ни дојде, пукање во Куманово, пукање на сите страни. Така ќе биде додека не донесеме овде луѓе со образование, а од купени дипломи ни е преку глава , изјави жител на село Лопате

Иако очевидци и голем број граѓани кои од љубопитност синоќа отишле во Лопате да видат што се случува бидејќи слушнале истрели од оружје, дене ска во билтенот на МВР немаше информација за испукани куршуми, без разлика каде и да  завршиле. Од надлежните немаме информација ниту  за какво дело ќе се товарат тројцата осомничени кои синоќа по инцидентот побегнаа.  Оттаму велат дека МВР работи на целосно расчистување на овој случај.

 

Коментари

коментар(и)