Правобранителот ќе утврдува како се одземени ингеренциите

Народниот правобранител целосно ќе го разгледа случајот со одземање на ингеренциите на општина Куманово за градинката Ангел Шајче, по одлука на Министерството за труд и социјална политика.

Ова беше истакнато на вчерашната трибина, кога актуелната директорка Марина Алексовска соопшти дека ќе ја достави целосната документација, откако проблемот пред правобранителот Иџет Мемети го истакна градоначалникот, Максим Димитриевски. Тој праша каде може да се обрати бидејќи му биле одземени одредени права, поради како што рече  наводно непочитување на рокови.

-Сум постапил согласно пракса која е на сила и актуелниот директор е избран во моментов на тој начин како што е избран сум сакал да ја повторам праксата на министерката не и се допаднало. Ми вршеше притисок да го реизберам постоечкиот директор и ми ги одзема со едностран акт сите права како на градоначалник така и на советот. И денеска моите права се одземени.  Поставувам прашање дали имам простор бидејќи не знам немам простор да се пожалам некаде за да си ги вратам правата кои согласно законот граѓаните ми ги дадоа на изборите. Сметам дека менаџирањето во овој град треба да биде поинаку во однос на она што беше досега-нагласи тој.

Димитриевски дополни дека има кочници во дел од работата. Нагласи дека не стравува од никого бидејќи мандатот го добил од граѓаните и ќе работи согласно законот.

Народниот правобранител Иџет Мемети, истакна дека со децентрализација на власта одредени надлежности се симнаа долу, но Владата треба да ја следи законитоста на постапувањето на локалните власти.

-Тој закон за да ве контролираат по однос на менаџирањето на центрите за социјална работа не е направен за да министерката го злоупотребува и сака некој негов да стави. За жал такви сме ние, дали има лек од тоа за жал нема. Затоа што таа има можност да донесе таква одлука да ви се земат ингеренциите. Владата треба да стапи тука и да каже чекај да видам, па да одржи посебна седница за тоа. Затоа што вие сте добиле посебен акт, дали актот поминал низ редовна процедура, затоа што таму има постапка како се одземаат имате право да го побарате тоа и барајте од Владата уште еднаш да седне и да решава. Јавно треба да се каже тоа, транспарентноста е голема работа-посочи тој

На ова веднаш реагираше директорката на градинката Ангел Шајче, Марина Алексовска која посочи дека  ќе ја достави целосната документација, за да се утврди како течела постапката.

-Би сакал до вас јавно да кажам дека ќе ја доставам целата процедура, постапка којашто е спроведена и од кои причини се одземени ингеренциите. За волја на вистината и транспареностноста сакам јавно да кажам дека целата документација ќе ви биде доставена до заменикот правобранител и до народниот правобранител на Република Македонија-нагласи Алексовска.

Народниот правобранител истакна дека по барање на една од страните, ќе отвори постапка за испитување на законитоста на одлуката, за одземање на ингеренциите.

Коментари

коментар(и)