Празничен турнир во бадмингтон

Во рамките на програмата за одбележување на 11 Ноември-Денот на ослободување на Куманово „Ноемвриски денови 2021”, денеска се одржа првиот турнир во бадмингтон на спортскиот терен во ООУ „Вук Караџиќ”-Куманово, организиран од општинските Сојуз на спортови и Сојуз на училишен спорт. На спортскиот настан учествуваа ученици од основните училишта во Куманово и Старо Нагоричане, кои добија дипломи. На турнирот присуствуваа претставници од Сектор за образование и Сектор за култура и спорт при Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)