„Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ утре на Денови на комедија

Претставата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ утре ќе биде изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во рамките на театарскиот фестивал „Денови на комедијата“, наместо веќе закажаната претстава „Забрането смеење“ од Театар Струмица.

Како што информираат од НУЦК „Трајко Прокопиев“ сите кои имаат купено билети за струмичката претстава утре ќе можат да ги искористат за претставата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ која е во продукција на Театар Крик од Скопје.

Во претставата играат Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ, а под режисерска палка на Ѓорѓи Ризески. Претставата започнува во 20 часот.

Коментари

коментар(и)