Превентивни активности на СВР Куманово

Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, одржаа превентивни активности заедно со претставници од Здружението на пензионери од Куманово, армиско-полициските ветерани, општина Куманово, Центарот за култура, Сојузот на училишни спортови, членови на училишните сообраќајни единици од ООУ „Бајрам Шабани“и ООУ „Браќа Миладиновци“,шаховскиот клуб „Фишер“ Куманово, ОСБСП Куманово и претставници од шаховската федерација на РСМ.

Една од целите на оваа превентивна активност беше да се упати порака до пошироката јавност за поголема будност и внимание за заштита на својот личен имот од кражби по куќи и станови и други објекти, поголемо внимание од џепните кражби, измамите при набавка на огревно дрво во овој период од годината и запознавање со можните последици и законски санкции за употреба на огнено оружје на семејни веселби.

Исто така, од страна на учениците- членови на УСЕ од основните општински училишта на граѓаните им беа поделени едукативни летоци. Од страна на Отсек за превенција на учесниците им беа врачени благодарници за нивното учество и придонес во спроведувањето на настанот.

Коментари

коментар(и)