Предвидени се 18 милиони денари за поставување на две модуларни паркиралишта (ВИДЕО)

„Куманово-паркинг“ лани работело со загуба што, според надлежните, се должи на ковид-кризата и неработењето на претпријатието повеќе од еден месец со одлука на општинскиот совет. Според директорот Фадиљ Шабани има план да се намали загубата со отворање и функционирање на зоната Б.

Со пари од Светската банка, Општина Куманово за потребите на ЈП „Куманово-паркинг“, во септември ќе купи ново пајак возило кое ќе се користи за подигање на непрописно паркираните возила, по улиците и јавните површини во градот.

Општина Куманово во годинешниот буџет има предвидено 18 милиони денари за поставување на две модуларни времени паркиралишта. Тие ќе бидат лоцирани на фреквентни места во централното градско подрачје.

Коментари

коментар(и)