Предлог- законот за стечајците пред комисијата

Стечајните работници утре ќе го поднесат новиот предлог закон заедно со собраните потписи кој ќе биде разгледан од надлежната комисија во Скопје . Здружението „УНИТ“ очекува  да се изгласа  новиот предлог -закон со кој од Куманово ќе бидат опфатени само мал дел од вкупно регистрираните 1.200 стечајни работници и технолошки вишок.

 -Утре ќе се подготвиме и заедно со потписите што ги собравме ќе го пуштиме предлог законот во четврток, тука има 350 стечајци,  од 1200 стечајци, да се поднесе до собранието, изјави Али Османи од Здружение на стечајни работници и технолошки вишок  „УНИТ “

Голготата на оваа категорија граѓани трае веќе 12 години. 62 годишниот Славчо Петковиќ е само еден од многуте кои немаат никакви приходи откако во фирмата во која работел бил прогласен стечај.

-Сакаме да бидеме обештетени, оваа наша голгота трае веќе 12 години, владата за сите има пари само за нас нема, овде се работи за луѓе од 55 до 63 години, стечајци, технолошки вишок, кои немаат никакви приходи, а тоа може да се провети во центар за вработување и во социјално, се прашувам дали ние сме граѓани на оваа држава, меѓу нас има луѓе со стентови, висок притисок, мозочни удари, а околу  15 проценти се починати, имам 23 години работен стаж, работев во неколку фирми, има 62,5 години но се надевам дека законот ќе се изгласа, изјави  Славчо Петковиќ, стечаен работник

Членовите на „Унит  “ овој пат очекуваат нивните барања да бидат подржани и од останатите пратеници во Собранието, бидејќи бараат само по 6-те илјади денари месечно од државата.

 

 

Коментари

коментар(и)