Презентиран Конкурс за најдобар млад преведувач

Здружението на преведувачи и толкувачи на РМ денеска го презентираше Конкурсот за најдобар млад преведувач „ Вавилон“ пред младите до 26 годишна возраст во библиотеката „Тане Георгиевски“ .  Младите може да конкурираат со преводи на извадоци од литературни дела напишани на некој од  службените јазици на Европската Унија на јазиците кои што се говорат во Република Македонија, информира претседателката на здружението , Огнена Никуљски.

-Еден од критеримуите е да бидат до 26 години, можат да учествувават онолку пати колку што сакаат, да биде на еден од официјалните јазиците на ЕУ , на еден од јазиците што се зборуваат во РМ, да се работи за книжевно дело и документарна проза , не е опфатена литературата, поезијата и театарот и да биде дело кое првпат е објавено во ЕУ  во последните три години и тоа да не биде преведено во регионот. Можат да учествуваат и повеќе пати со тоа што својата пријава ја поднесуваат до ЕУ Инфо центарот на нивната адреса со сите пропратни материјали и можат да си поднесат повеќе преводи, им се ставаат со различна шифра и потоа можат рамноправно да учествуваат, изјави Огнена Никуљски, претседателка на ЗПРМ  

Наградата за најдобриот превод е студиско патување, односно посета на некој саем на книгата или пак друг вид на посета од културен аспект во некоја од земјите на ЕУ. Годинава , минатогодишните победници ќе го посетат саемот на книгата во Барселона, посочуваат од здружението.

-Прва награда се доделува за секој од јазиците што се зборуваат во Македонија, а кои учествувале на Конкурс и ги исполниле основните услови, а тоа е во рамките на двете комисии што ги прегледуваат преводите да добијат минимално неопходен број на поени, сосема е тајно учеството, до крај не се знае никој од комисиите не знае за кој човек се работи, туку едноставно го добиваат со шифра, изјави Никуљски.

„Љубовта кон литературата може кога се знаат странски јазици да се преточи во една плодна и убава творечка работа како што е преводот “ вели претседателката на здружението на преведувачи.

Пријавувањето за Конкурсот за најдобар млад преведувач кој е во соработка со Делегацијата на ЕУ, ќе трае до првиот работен ден во април месец годинава.

Коментари

коментар(и)