Прекини во водоснабдување на неколку улици поради интервенции на водоводната мрежа

Поради интервенции и дефекти на водоводната мрежа повеќе локации денеска ќе бидат без вода.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, без вода во текот на денот поради приклучоци на водоводната мрежа ќе биде улицата „Моша Пијаде“, како и улицата „1“ во населбата Долно Којнаре.

Поради дефект на водоводната мрежа прекини во снабдувањето има на улицата „312“ во населба Ајдучка чешма.

Прекини има и на улицата „Народна револуција“ број 146 поради изместување на водоводна шахта.

Додека пак на улицата „Доне Божинов“ ќе се врши проверка и сервисирање на водоводни затворачи во водоводни шахти, информираат од РЦУК.

Коментари

коментар(и)