Прекини во водоснабдувањето на неколку улици во градот

Регионалниот центар за управување со кризи  утрово информираше за дефекти во водоводната дистрибутивна мрежа. Прекини во водоснабдувањето во текот на денот ќе има на улицата „Пионерска“, улица „Живко Чало“ бр. 36 и околните објекти, улиците „252“ и „315“, како и месноста викана Османов рид.

Екипите на ЈП „Водовд“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

 

Коментари

коментар(и)