Премиера на претставата „А да ме прашаше некој нешто”

Во Занаетчискиот дом синоќа се одржа премиера на претставата „А да ме прашаше некој нешто”, поддржана од Општина Куманово. Во претставата настапија членовите на Драмското студио при Центарот за култура „Трајко Прокопиев, кои се ученици во СОУ Гимназија „Гоце Делчев”, Мила Павловска, Милан Петровски, Александра Митиќ, Теодор Јакимовски и Ива Јовановска. Во улога на режисер на претставата се јавува Драгана Гунин, која е и менторка во Драмското студио. Ова студио успешно функционира три години и досега имаат одиграно три претстави.

Коментари

коментар(и)