Премиерот Груевски во Старо Нагоричане

Во општината Старо Нагоричане функционираат  канцеларија за социјални работи, биро за вработување,  формирана е територијална противпожарна единица која со позајмено возило од Куманово и со 10 пожарнири засега успешно се справува со пожарите во овој регион, а за десетина дена ќе биде отворена и канцеларија за поднесување барања за субвенции, рече градоначалникот Милован Стојковски при посетата на општината од премиерот Никола Груевски.

 -Освен два асфалта во Младо Нагоричане што ги реализиравме, третиот е Никуљане- Челопек и уште три асфалти добиени од ИПАРД програмата, сега планираме тендери, ги добивме решенијата за Арбанашко, Цвиланце и др. со што регионот ќе заживее повеќе. Што се однесува до инвестиции, украинците кај нас вршат испитувања, компанијата веќе стартува со испитувања на терен, почнаа пред две -три недели, бањата ја одржуваме, изјави Милован Стојковски, градоначалник на Старо Нагоричане

-Имаме потреба овде за канцеларија за поднесување барања за субвенции, рече жител на Старо Нагоричане

– Сега кажа градоначалникот, ќе има канцеларија за субвенции тука, изјави Груевски

-И ние сакаме да да сме застапени како Демократска партија на Србите во Македонија, има момчиња кои завршија обука за во АРМ – таму е по одредени процедури, се внимава да има од сите етнички заедници, тројца дечки завршија селективен курс 24 дена, а не се примени, рече жител на Старо Нагоричане

-Ќе провериме, па преку кабинетот ќе одговориме, изјави Груевски.

Груевски ја посети и изградбата на патот Никуљане -Челопек за што се инвестирани   13, 4 милиони денари. Инаку,  за општината Старо Нагоричане , Владата досега  издвоила над половина милион евра односно 37, 6 милиони денари.

При посетата на Куманово, Груевски изврши увид на реконструкцијата на основното училиште „Толи Зордумис  “ за што Владата преку министерството за образование и наука инвестира 5,1 милиони денари. Реконструкцијата опфаќа замена на кров и прозорци која ќе се заврши во октомври. Го посети и основното училиште „Браќа Миладиновци “ каде беше кажано дека со средства од министерството за образование и наука е извршена целосна санација на фасадата, прозорците, вратите и кровната конструкција, а беше нагласено и дека училиштето не е реновирано од 1977 година.

Коментари

коментар(и)