(ВИДЕО) Претседателството на СПМ во проширен состав во Куманово

Социјалистичката партија на Македонија викендов во Куманово одржа  седница на претседателството на СПМ во проширен состав со учество на претседателите на ОО СПМ од изборна единица 2.

-Присутно е целокупното раководство на партијата, претседателот, генералниот секретар, извршните секретари, потпретседателите на партијата како највисоко раководство на партијата.  Зборуваме за тековните активности, пред се, денеска во фокусот ќе биде изборна единица 2 каде што се повикани претседателите на ОО од ИЕ 2 кои што денеска ќе треба да дадат свое видување за моменталната состојба на теренот, како функционираат како општинска организација, каква е соработката со коалиционите партнери и какво е нивното предвидување за наредните локални избори, значи ова е една подготовка за наредните локални избори и нормално да ги договориме сите оние предизборни  и постизборни активности кои што ќе следуваат, изјави Малиша Станковиќ, генерален секретар на СПМ.

-Целото раководство на СПМ одржува состанок во Куманово се со цел да се запознае со реалната ситуација во Куманово, да ги чуе нашите извештаи во врска со проблемите со кои што се соочуваат секојдневно граѓаните на Куманово и да понудат соодветни решенија за проблемите. Исто така, сето ова покажува на еден начин, сериозен пристап кој што го има партијата кон граѓаните на Куманово, кон нивните секојдневни проблеми и сето тоа се надевам дека на претстојните локални избори граѓаните ќе знаат да го препознаат и да ја дадат подршката на коалицијата „Обнова на Македонија“, изјави Жарко Милошевски, претседател на ОО на СПМ, Куманово

Општинската организација на СПМ во Куманово е една од подобрите и поактивните во државата, рече претседателот на СПМ, Љупчо Димовски во своето гостување во емисијата „СТАВ“.

Според надлежните, на седницата на централното раководство договорени се партиските задолженија со конкретни подготвителни предкампањски активности за општинските организации и членството на СПМ и негова мобилизација во следниот период до започнување на предизборната кампања за локалните избори 2021 година.

Коментари

коментар(и)