Претстава „Самоубиство во самоодбрана“ во НУЦК

Претставата која освои пет интернационални награди низ Балканот, премиерно во Куманово. Наредната сабота во Центарот за култура ќе се изведе делото „Самоубиство во самоодбрана“ работено според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски. „Самоубиство во самоодбрана“ е драма која зборува за животот, човештвото, љубовта и стравовите. Улогите ги играат актери од ансамблот на Алтернативен Театар „Отпишани“ – Скопје.

Претставата е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година.

Цената на влезницата која може да се набави на билетарницата на Центарот за култура е 150 денари. Се напоменува дека претставата е за лица постари од 16 години.

Коментари

коментар(и)