Претставници на амбасадата на Јапонија ја посетија општината

Заменик амбасадорката на амбасадата на Јапонија, Мачида Хидеаки и вториот секретар на амбасадата Канако Теури денеска ја посетија општина Куманово, при што се сретнаа со градоначалникот Максим Димитриевски. На средбата се разговарало за неколку области, но и за понатамошната соработка помеѓу општината и амбасадата.

-Јапонскиот народ е голем донатор во нашата општина, јапонската амбасада е донатор во нашата држава, сметаме дека нашите односи треба да се развиваат на еден позитивен начин, на културно ниво, и со цел еден ден да достигнеме ниво и да се зближиме со одредена општина од Јапонија, а можеби и да се збратимиме. Секако овој позитивен тренд на соработка ќе продолжи и во иднина-истакна Димитриевски.

Претставниците на јапонската амабасада заедно со градоначалникот извршија посета на дел од речното корито на Липковка, кое беше изградено од средства кои што ги донираа граѓаните на Јапонија, преку амбасадата и проект на УНДП.

-Имаме завршено втора фаза од речното корито, ни останува да се доврши првата фаза, бидејќи како што знаете со проблемот со локалитетот Средорек моравме да ја стопираме изградбата и подоцна ни останува и третата фаза на довршување на речното корито кое што е во должина од градскиот парк па до автопатот Скопје –Белград или до местото Бедиње. Во моментот кога ќе обезбедиме финансиски средства ќе продолжиме со имплементација на проектот бидејќи средствата засега кои беа обезбедени се исцрпени од страна на донаторите, а и од наша страна  бидејќи општината партиципира со сопствени средства во реализација на овој проект-додаде тој.

Тие заедно подоцна посетија и неколку локални претпријатија.

Коментари

коментар(и)