Приватни фирми донираа за седумчленото семејство

Нови врати, столици и прозорци доби седумчленото семејство Хелдовиќ од населбата Средорек, благодарение на хуманоста на стопанствениците од градот. По апел на невладината организација Англунипе, слух за проблемот на семејството кое во пожар пред неколку денови загуби дел од својот дом, покажа фирмата за мебел Махагони, но и останати компании од Куманово.

-Морам да изразам голема благодарност до Проспера и Махагони кои без оглед на етничка припадност покажаа дека се хумани луѓе и мене ми е драго што во нашиот град се уште има хумани луѓе им се заблагодарувам и им посакувам успешна работа и да додадам дека добивме и парични средства од дијаспората, од Данска каде испратија 175 евра благодарност до нив и да апелирам до останати Роми кои живеат во дијаспората и тие  да помогнат. Да изрзам голема благодарност и на Мида пластик кои уште во понеделник ќе дојдат и овој прозорец да го наместат голема благодарност и до нив и успех во работата- посочи Мерџан Демирали, од организација Англунипе.

Таткото на шестте деца изрази благодарност за донацијата. Тој е среќен што на своите деца ќе им обезбеди пристојни услови за живеење.

-Јас се заблагодарувам на сите што ни помагаа, и до Мерџан Демирали кој е навистина со мене од почеток, да не е тој не знам што ќе прават. Гледате дека други институции нема единствено тој кој дојде и е тука-нагласи Суад Хелдовиќ.

Невладината организација Англунипе обезбеди и екипа од гипсери и молери кои без надоместок ќе ја реновираат уништената соба. Организацијата и во иднина ќе продолжи да овозможува помош на социјално загрозените ромски семејства.

 

 

Коментари

коментар(и)