Приведена кумановка, питачела со децата

Дваесет и деветгодишна кумановка била приведена во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, постапувајќи по планот за спречување на појави на питачење од СВР Скопје во содејство со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Имено, Ф.Б со нејзините две деца околу 12.00 часот дошла од Куманово со намера да питачи во Старата чаршија, а од полициски службеници едното дете било затекнато во оскудна облека со картонска кутија во рацете како питачи низ угостителските објекти во чаршијата. Мајката Ф.Б. и другото дете биле на друга локација низ чаршијата.

Пријавената заедно со двете деца биле донесени во Полициската станица Бит Пазар и со неа бил извршен службен разговор за околностите под кои истата го извршила кривичното дело.

Известен бил Јавен обвинител, по целосното документирање на случајот ќе следи кривична пријава по Кривичниот законик.

Коментари

коментар(и)