Приведени двајца за нелегално превезување на огревно дрво

Кумановец и жител на Крива Паланка биле приведени вчеравечер за нелегално превезување на огревно дрво, соопштија надлежните.

Според МВР, синоќа околу 22.30 часот во населбата „Ајдучка чешма”, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишиле од слобода две лица бидејќи при преглед на товарното возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал кумановецот, а сопатник бил паланчанецот, било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

Коментари

коментар(и)