Приведени две лица, осомничени за кражба

Кумановските полициски службеници вчера лишиле од слобода двајца кумановци, осомничени дека минатата седмица со употреба на сила влегле во објект на улицата „Димитар Влахов“ и одзеле повеќе предмети.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)