Приведени тројца кумановци во текот на вчерашниот ден

Во два одвоени случаи вчера биле приведени три лица во Куманово.

Според СВР Куманово, вчера во 15. 00 часот, полициски службеници лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 49 и 50 години од Куманово бидејќи кај нив била пронајдена прашкаста материја.

Како што додаваат од кумановската полиција, истиот ден во 21.00 часот  привеле и 32 годишен кумановец затоа што кај него билe пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)