Приведено лице барано со потерница

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово – Отсек потраги рано утринава го лишиле од слобода Ј.Л.(34 години) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување затворска казна, а бил осуден на казна затвор од 18 месеци за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Куманово за доиздржување на казната.

Коментари

коментар(и)