Приведен државјанин на Куба во Којнаре

Државјанин на Куба викендов бил приведен во околината на кумановско, соопшти МВР.

На петти септември,  околу 02,00 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово, во селото Којнаре поради илегално поминување на државна граница бил приведен и задржан  25 -годишен кубански државјанин за понатамошна постапка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Коментари

коментар(и)