Приведен жител на Матејче

Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 17 часот  на улицата „11 Ноември“ привеле 38 годишен жител на село Матејче, општина Липково. Тој се сомничи дека на подрачјето на Скопје одзел регистарски таблици од возило „опел вектра“, сопственост на М.Ч. од Скопје и ги поставил на возило „волво“, за кои не поседувал соодветна документација. Тој бил приведен во полициска станица, а возилото и регистарските таблици му биле одземени. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)