Приведен крадец од Куманово, затекнат на дело

На втори мај годинава, полициски службеници од СВР Куманово  лишиле од слобода 36-годишен кумановец, соопшти СВР Куманово.

Според полицијата, тој, со употреба на сила, од три патнички моторни возила на улица „Бранко Богдански Гуцман“ одзел повеќе предмети, при што бил затекнат од полициски службеници.
Крадецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)