Приведен крадец, фатен веднаш по извршеното дело

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода С.А.(23 години, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во деловен објект на улица .„Биљановска“.Кај него биле пронајдени украдените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот. С.А. бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)