Приведен кумановец баран со потерница поради насилство

Четириесет и едногодишен кумановец, баран со потерница за издржување затворска казна, бил приведен вчера попладне.

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.С.(41 година) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.

– Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната, додаваат од МВР.

Коментари

коментар(и)