Приведен кумановец за пет кражби во изминатиот месец

Кумановец бил приведен вчера под сомнение дека во текот на изминатиот месец извршил пет кражби.

Според МВР, вчера во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 35 годишен граѓанин на Куманово. Како што објаснуваат од МВР, тој се сомничи дека во текот на минатиот месец извршил пет кражби, од кои четири во продажни објекти и една од приватен имот.

– Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)