Приведен малолетник, затекнат при кражба

Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, кој бил затекнат во објект на Општа болница Куманово при обид да изврши кривично дело „тешка кражба“, а претходно веќе извршил кражба во деловен објект на бул.„3-та МУБ“, при што одзел пари и различни предмети.

Полицијата информира дека настанот се случил вчера по 05 часот наутро. Кај лицето биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)