Приведен 28-годишен кумановец поради кражба

Дваесет и осумгодишен кумановец, С.Б е приведен поради тешка кражба. Полициски службеници врз основа на судска наредба, лишиле од слобода кумановец за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“, информира полицијата. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање  за издржување на казната.

Коментари

коментар(и)