Привршува процесот на попишување

Во пописниот реон Куманово и Старо Нагоричане, успешно привршува процесот на попишување.

Нема проблеми со апликацијата, доколку некој не е дома, попишувачот го поминува теренот повеќе пати, се договараат со граѓаните во кој термин може да помине-изјави претседателот на комисијата на пописниот реон 49, Александар Гелевски.

Вкупно, во овој реон има ангажирано 310 лица од кои 258 се реонски попишувачи, 26 реонски инструктори и 26 резервни попишувачи.

Коментари

коментар(и)