Привршува санацијата на кровот на Спортската сала

Привршува санацијата на кровната конструкција на спортската сала. Реконструкцијата се спроведува преку проект од програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој од 2020 година со учество на општина Куманово.

За проектот беше потпишан договор за градба, средствата во вредност од 23 милиони 430 илјади денари се обезбедени преку програмата, а општината учествува со 830.000 денари, соопштија претходно надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Надлежните се надеваат дека наскоро ќе почне и реконструкција на внатрешноста на спортскиот објект.

Коментари

коментар(и)