Прием кај градоначалникот Дамјановски за Денот на градот

Во пресрет на Денот на ослободувањето на Куманово, 11 Ноември,  традиционално во општината  се организира прием кај градоначалникот на истакнати луѓе  кои во минатото дале свој придонес  за градот.  На средбата присуствуваа поранешни градоначалници, претставници на здружението на армиски и полициски ветерани и резервни старешнини, командирот на територијалната противпожарна единица и претставници на боречката организација во Куманово. на приемот иајко биоле поканети не се појавија претставници на АРМ И МВР.

„Куманово е град првоборец, кој на 11 Октомври го запали факелот на НОБ и даде 8 народни херои и 800 жртви на фашистичкиот терор. Градот е препознатлив по формирање на самобитноста на македонската држава“ – нагласи градоначалникот Зоран Дамјановски. Според него, Куманово годинава се соочило со повеќе проблеми, покрај пролетната и есенска поплава, се случи и вооружениот конфликт на 9 и 10 мај во Диво Насеље.

 

– Некои што ја помнат Втората светска војна велат дека повеќе муниција е употребена во тие два дена отколку за цела Втора светска војна во Куманово. Куманово кој важеше за град на етнички соживот, мултикулутиризам, толеранција, разбирање, солидарност, хуманост , се претвори во најцрна терористичка точка во Европа. Успеавме со заеднички сили на сите политички партии во совет, советниците пред се локалната самоуправа да ја надминеме таа ситуација, нормално во содејство со централната власт, бидејќи тоа не беше изолиран процес само на локално ниво и да продолжиме да ги градиме мостовите, кои што беа најголема штета во тие воени дејствија кои беа во една урбана заедница во градот, и да ги градиме мостовите на етничка кохеренција. Тоа е една од главните поенти што ја одбележи 2015 година, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

 

Голем предизвик е што последните 3 месеци Куманово се соочува и со голема бегалска криза како најсеверна точка од рутата на мигрантите и патеката  кон ЕУ. Се претпоставува дека во изминативе шест месеци повеќе од 200.000 бегалци ја поминале границата.

 

-Овој предизвик Куманово жестоко се спротивставува и го менаџира во рамки на демократските процеси и цивилизациските постулати во градење на едно општество.

Затоа на 28-ми до 30-ти бевме домаќини на асамблејата Градови носители на пораки на мир од аспект што нашите градови пријатели упатија силна порака дека баш од Куманово треба кон нашата матица седиште на ЕУ да упатиме заклучок, односно заедничка декларација за она што значи слобода како основно човеково право и мир како генерален процес во светот, додаде Дамјановски.

 

На Денот на ослободувањето на градот  и борбите кои се воделе за слободно Kуманово се присети Спирко Зафировски од боречката организација. Говореше за минирањето на надвозникот на Врањско џаде и пругата кај спомен-костурницата од страна на окупаторите.

-Борбите започнаа на први ноември и траеја до 11 ноември. Во тие борби што се водеа најмногуи на Страцин германците и балистичките банди пружија силен отпор, меѓутоа силината на нашите единици беше толку голема што тие мораа да се повлечат. Германците проценија дека им приготвуваме опколување и нивно заробување и тие набрзина донесоа одлука на 11 ноември се повлечат, изјави Спирко Зафировски, од Сојуз на борци, Куманово

На крајот, градоначалникот Дамјановски им го честиташе празникот на сите присутни со надеж дека наредните години куманово ќе биде предводник и предвесник на позитивните и прогресивните процеси во РМ.

Коментари

коментар(и)