Приоритет на „Куманово гас“ е гасификација на општата болница

Приоритет за наредната година на јавното претпријатие „Куманово гас“ е приклучок на гасификација на општата болница, која во моментов се затоплува на мазут, истакна на денешната седница на Советот директорот Драган Петровски. Анализирајќи ја работната програма за 2018  година Петровски нагласи дека ќе продолжат со изградба на нова гасификациона мрежа но и со приклучоци на веќе направената.

-Имаме предвидено во должина од околу 22 километри за изградба на секундарна гасоводна мрежа, така што на оваа мрежа планираме да изградиме 4 километри мрежа на дел од дистрибутивна на улиците Цар Самиоил, Никола Вапцаров, 11 ти ноември, Осоговска, Сава Ковачевиќ, Боро Прцан, Титова Митровачка, Васко Карангелески, Моша Пијаде, Лесковачка, Авној, Индустриска и Железничка значи на оваа изградена мрежа планираме да изградиме некаде околу 250 приклучоци-посочи тој.

Петровски дополни дека е планиран и приклучок на колективна зграда со 120 станбени единици на улицата Моша Пијаде. Советниците ја поздравија одлуката наредната година приоритет да биде приклучокот на општата болница.

-Јас како вработен во болницата ги знам потребните од добро затоплување и ја поздравувам одлуката да биде приоритет гасификација на овој објект со што би се задоволиле потребите пред се на пациентите а потоа и на вработените и воедно со одлуката ќе се намали загадувањето на воздухот во Куманово имајќи во предвид дека и мерната станица се наоѓа во самиот круг во дворот на болницата каде се наоѓа и котларата а знаеме дека досега загревањето беше на мазут така што ќе се отстрани загадувањето на воздухот-нагласи советничката Александра Андоновска.

На денешната седница на Советот освен работната програма за 2018 на Куманово гас, беа усвоени и тримесечните извештаи за финансиско работење.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)