Пристигна донацијата од Грција, 20.000 вакцини „АстраЗенека“

На Скопскиот аеродром денеска пристигна донацијата од 20.000 вакцини против ковид-19 на „АстраЗенека“ од Грција. Донацијата ја примија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Оваа поддршка од грчката Влада и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност, напиша Филипче.

Грчкиот Национален комитет за вакцинација вчера препорача вакцината на „АстраЗенека“ да не се дава на лица под 60 години и дека тие треба да имаат можност да изберат од другите три вакцини.

Оваа препорака не се однесува на лицата кои примиле прва доза од вакцината на „АстраЗенека“ и веќе имаат закажано термин за втората доза.

Коментари

коментар(и)