Притворени тројца кумановци, осомничени за кражба

Тројца кумановци лишени од слобода, осомничени за кражба, информира Секторот за внатрешни работи Куманово. Полициски службеници вчера ги лишиле од слобода Љ.Ѓ. (19 години), К.С. (19 години) и С.С. (18 години), сите од Куманово. Тие се сомничат дека на 09-ти ноември лани, одзеле предмети од три патнички моторни возила на различни локации од Куманово. Биле приведени во полициска станица, а предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

Коментари

коментар(и)