Притворен кумановец, осомничен за кражба

Притворен 42-годишен кумановец, осомничен за кражба. Кумановската полиција информира дека вчера бил лишен од слобода П.М од Куманово, кој е осомничен дека влегол во куќа на улица  „Пионерска“  и одзел различни предмети.

П.М.  бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)