Проблеми со водоснабдување во населба Перо Чичо

Жители на дел од населбата Перо Чичо речиси една недела се соочувааат со не редовно водоснабдување. Причината е , како што информираат надлежните од јавното претпијатие „Водовод“  , дефект на водоводната мрежа.

-Се работи за дефект на водоводната мрежа на стариот вод за населбата Иго Тричковиќ. Инаку сега е блиндиран кај светиниколски пат и Иго Тричковиќ се снабдува со вода од висока зона. Поради изградбата на новата коловозна конструкција направен е голем насип од три ипол метри врз самата водоводна мрежа поради што има зголемен товар врз истата, а таа е азбестна водоводна цевка со голема старост. Потоа се случи еден дефект,  поради големиот слој помеѓу коловозот и цевката на многу погрешно место излезе водата, ни требаше време да го најдеме дефектот. Дефектот беше лоциран, но поради сообраќаја незгода бевме принудени да го стопираме санирањето на дефектот додека се изврши увид на лице место. Дефектот беше саниран утредента.

Вчера пак граѓаните пријавија дефект. Работеа екипи цел ден, дефектот е лоциран, но  поради големата длабочина и безбедноста на  вработените и бидејќи само дваесетина куќи немаа вода одлучивме санирањето на дефектот да го продолжиме денеска. Дефектот веќе е откриен и за половина час граѓаните ќе добијат квалитетна вода за пиење, изјави Бобан Петрушевиќ, раководител на одделение за одржување на водоводна мрежа и дефекти во ЈП „Водовод“

Во меѓувреме, граѓаните за пиење купуваат  флаширана вода, а за потребите на домаќинството и хигиената се снаоѓаат, од бунари од соседите, од јавните чешми и слично.

Надлежните посочуваат дека  41 процент од постоечката водоводна мрежа во Куманово е од азбестни цевки  поставени во шеесетите години. Дефектите кои што се појавуваат претежно се на дотраените цевки кои со тек на времето ги имаат изгубено својата еластичност и цврстина и не можат да го издржат нормалниот притисок на водоводната мрежа, вели раководителот Петрушевиќ. Тој потенцира дека на местата каде што се поставени водоводни полиетиленски цевки дефекти речиси и да нема.

Коментари

коментар(и)