Продолжува вакцинацијата во Здравствениот дом

Во Здравствениот дом во Куманово продолжува вакцинацијата на граѓаните. Во оваа установа со две дози се имунизирани над 42.000 лица.

Најголем дел од вакцинираните, односно 16.210 жители од североистокот, примиле Фајзер. Со Синофарм се имунизирале 14.015 лица, Синовак 9.576, а Астра Зенека 2.444 граѓани.

Од установата објаснуваат дека се тече во најдобар ред, иако од неодамна вакцините се аплицираат само во Здравствениот дом, бидејќи пунктот во спортската сала е затворен. Здравствените работници работат во две смени.

-Има интерес цело време, граѓаните сакаат да се вакцинираат, а исто така има и граѓани кои се заинтересирани за трета доза на вакцина, која според Министерството за здравство се реализира со вакцината на Фајзер. Тука условите се одлични, граѓаните се снаоѓаат, имаме две соби за интервениции, и се тече нормално, без термини, без чекање. Интересот на граѓаните е многу добар, тече вакцинацијата-истакна Фидан Адеми, лекар во Здравствен дом Куманово.

Имунизацијата во Куманово продолжува со вакцините Фајзер и Астра Зенека за лица над 60 години, а се врши и ревакцинација со Синовак.

Коментари

коментар(и)