Продолжува потрагата по десетгодишниот Петар од прилепско

Поради големиот интерес од страна на граѓаните кои сакаат да се вклучат во потрагата по 10-годишниот Петар, МВР објави телефонски број на дежурната служба во село Витолиште, каде можат да се обратат за коррдинации.

Телефонскиот број е 071 268-594, а од МВР исто така апелираат доколку некој има информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, веднаш да се јави во полиција.

Петар е дете со попреченост, и е исчезнат од петокот. Во потрагата по него се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.

Вклучени биле и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Коментари

коментар(и)