Продолжува проектот за општинско-корисна работа

Општина Куманово преку Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од септември започна со реализација на проектот Моќно образовно партнерство, во рамки на програмата општинско-корисна работа, која се спроведува веќе четири години. Носители на проектот кој трае 6 месеци се локалната самоуправа, УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување.

За таа цел општината  ангажираше 10 невработени лица, од кои седум од различни профили од воспитно образоваени и социјален аспект, како логопед, наставник по одделенска настава, ликовен уметник, музичар, социјален работник и двајца професори по физичко образование, работат во рамки на Дневните центри за лица со интелектуална попреченост, додека 3 лица дефектолози и социјален работник се ангажирани како ментори на 3 ученичи со попреченост, кои се дел од инклузивниот образовен процес во рамки на основното училиште 11-ти октомври.

-Целта на првата проектна идеја е лицата со интелектуална попреченост кои се дел од Дневните центри да им се овозможат образовни услуги досега се беше на ниво на групна работа од оваа година 7-те ангажирани лица ќе работат преку иднивидуални планови и програми што сами ги имаат изработено ќе има по еден метор на дете. Во рамки на 11-ти октомври целта е на трите изберени деца да им се овозможи вистинска инклузија во образованиот процес. Трите ангажирани 2 дефектолози и еден социјален работник ќе седат по четири часа дневно да им помагаат при совладување на образовната програма-истакна Ивана Костовска, проектен координатор.

Вработените наставници нагласија дека им е чест што се вклучени во ваков проект, и заедно тимски работат со децата.

-Целта е да го поттикнеме нивото на образованието на децата, да навлеземе во науката како и во физичкото образование кое е мојата најголема должност. Задоволни сме од пречекот тука во дневниот центар исто така можам да кажам убаво си поминуваме, времето бргу ни поминува, децата слушаат, сите сме задоволни-посочи Никола Златановски дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје.

Резулатите од проектот ќе може да се видат на завршната манифестација која надлежните ја организираат секоја година.

 

 

Коментари

коментар(и)