Продолжува протестниот марш на иницијативата

Граѓаните на Куманово вчеравечер тргнувајќи од зеленото пазарче на булеварот Октомвриска револуција  кон централното градско подрачје повторно ги испратија пораките за зачувување на унитарноста на државата и отфрлање на платформата на албанските партии. Протестниот марш како и претходните вечери заврши пред платото на центарот за култура трајко прокопиев.

Пред присутните се обрати Тони Чатлоски, кој рече дека секој ден се повеќе граѓани од различни возрасти се приклучуваат кон одбраната на татковината и идентитетот.

– Ние не сакаме ништо што е туѓо. Се бориме да го сочуваме она што е наше и ќе се избориме,   народот ќе ја сочува државата бидејќи од ден на ден има се повеќе граѓани, изјави Тони Чатлоски.

Марш во организација на граѓанската иницијатива „ За заедничка Македонија“  ќе се одржи и вечерва .  Мирниот протест ќе почне од пред црквата Свети Никола.

Коментари

коментар(и)