Продолжува регулацијата на речното корито на Липковка

Увид на работата во доизградбата и уредувањето на речното корито на Липковка денеска изврши постојаниот претставник на УДНП во Македонија, Луиза Винтон заедно со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Проектот е финансиран токму од УНДП, а се реализира со помош на локалната самоуправа. Воедно Винтон како почесен граѓанин на Куманово првата официјална посета на УНДП ја реализира токму за средба со новиот градоначалник Димитриевски.

Како што истакна Димитриевски на средбата освен за тековниот проект и долгогодишното патнерство, но и за остварување на заедничка соработка во периодот кој следува.

Проектот што го споменавте во делот на доизградба на речното корито или доуредување на речното корито на реката во општината во моментот е во изведба првата траса која е во должина од 400 метри. Во иднина ќе продолжиме со фаза 2 и фаза 3 каде најголем дел е урбаниот дел од речното корито каде поминува речното корито во Куманово, тргнувајќи од автопатот Куманово – Белград, завршувајќи на точката во влезот на населбата Средорек каде ќе биде уреден текот на реката. Знам дека со оваа решение ќе се надминат сите досегашни проблеми и во делот на излевање на реката од речното корито во дождливите периоди и дополнително уредување и озеленување на оваа подрачје, изјави Максим Димитриевски.

Продолжување на соработката со УНДП, најави и постојаниот претставник Луиза Винтон, која истакна дека е чест да се биде почесен граѓанин на Куманово.

Големо задоволство е да се биде повторно во Куманово денес, главната цел беше да го посетиме новиот градоначалник, да му честитаме на изборот, и да поразговараме за идните проекти и соработката која ја имаме со општина Куманово. Со оглед на тоа дека сум почесен граѓанин на Куманово на што сум особено горда, одлучив мојата прва посета по локалните избори да биде на општина Куманово. Драго ни е што продолжува нашта соработа за завршување на проектот за заштита од поплави Липковска река, но тоа е само еден проект, денеска сме тука да поразговараме за други проекти и продолжување на нашта соработка, изјави Винтон.

Поради комплексност во изведување на активностите на терен во регулацијата на речното корито, работите се одвиваат побавно, а тим од инжинери врши испитувања за да проектирањето не доведе до грешки кои пак би можеле да доведат до поплуви во населбата Средорек. Кон почетокот на следната недела се очекува активностите да продолжат, откако инжинерите ќе изнајдат заедничко решение.

Се надеваме до почетокот на следната недела ќе имаме консензус помеѓу инжинерите кои работат на овој доста комплексен проблем, штом се случи тоа ќе добијат градежните фирми дозвола да продолжат со својата работа. Подобро да работиме внимателно, бидејќи било каква грешка значи зголемување на ризикот од поплави во оваа населено место, а имотот и земјиштето околу него се скапи, па ќе се обидеме да ги спречиме сите идни поплави. Нашите пресметки првични укажуваат дека инвестицијата наспроти добивките од овој проект се 1:7, така да ако инвестираме еден милион за еден проект, добивката од избегнување на штети е 1:7 и затоа овој проект е од огромна важност за општинат аи внимателно да постапуваме за решение кое ќе обезбеди долгорочна заштита на овој дел од градот, изјави Димитар Сековски од УНДП.

Проектот ќе чини нешто повеќе од 13 милиони денари, а се очекува да заврши до крајот на годината.

Коментари

коментар(и)