Продолжува реконструкцијата на улиците во градот

Високите температури не ја намалија динамиката на реконструкции на улиците во градот. Освен што се работи на подготовка на асфалтирање на улици во приградските населби, се крпат ударните дупки во центарот и паралелно се обележуваат пешачките премини. Приоритети при обележувањето се улиците покрај градинки, училишта, здравствени установи и државни институции. Зависно од метежот, се настојува првин целосно да биде покриено централното градско подрачје, но се работи и во периферијата. За оваа намена општина Куманово одвои 2,5 милиони денари.

Граѓаните ја поздравуваат иницијатавата за санација на улиците, но нагласуваат дека истата треба да биде поредовна. Тие апелираа до надлежните што поскоро да го решат и проблемот со големата дупка која веќе неколку денови се наоѓа на улицата Борис Кидриќ, зад Занаетскиот дом. Поради истата се создава метеж во сообраќајот, а  возилата иако се обидуваат да ја избегнат, пропаѓаат. Пешаците нагласуваат дека освен за возачите, претставува проблем и за нив.

Надлежните истакнаа дека ќе испратат екипа да ја увиди состојбата, и проблемот во скоро време ќе биде решен. Инаку од Секторот за урбанизам при Општина Куманово информираа дека целосната санација на улиците е предвидено да заврши до крајот на јули.

 

Коментари

коментар(и)