Продолжува хуманитарната акција на „Кумановски акцијаши“

Здружението Кумановски акцијаши ја спроведува хуманитарната акција за прибирање облека и обувки, под назив Биди хуман и подари.  Акцијата е наменета за бездомници и социјално загрозени семејства.  Иако првично било предвидено да трае до 29-ти февруари, поради големиот интерес, организаторите одлучиле да ја продолжат. Секретарот на Здружението, Звонко Величковски истакна дека луѓето најчесто донираат облека, играчки и мебел.

Претседателот на здружението, Јусуф Љатифи  нагласи дека од недамна започнал со работа волонтерскиот сервис, кој има за цел да ги поттикне младите да учествуваат во различни акции и на тој начин да ги увидат своите квалитети и можности во различни области.

-Моментално вршиме електронски прием, нашиот програмер е на консултации во Лондон на кој начин треба да ја направиме нашата веб страница на која ќе бидат поставени сите документи кои се потребни-изјави тој.

Инаку сите хумани луѓе кои сакаат да донираат тоа можат да го сторат во просториите на здружението, месната заедница во Бедиње секој ден од 18 до 21 часот.

Коментари

коментар(и)