Проекти на ЈП „Куманово план“

Изработка на проекти за санација на дел од Занаетчискиот дом, комплексот Стар мерак, Соколана, атлетска стаза кај Спортската сала, поранешниот хотел Солун се само дел од активностите на јавното претпријатие „Куманово план “  кои што ќе бидат реализирани во наредниот период, информира директорот Горан Митевски.

-Во 2018-та година се дефинира процесот и ни е вратен Занаетчискиот дом во целост во сопственост на Општина Куманово и со програмата е предвидено изработка на основен проект за санација на просторот кој што порано го користеше Архив на Куманово и сега таму тој простор ќе биде преработен, прилагоден. Ќе аплицираме за одредени средства и ние како општина ќе имаме средства предвидени за изработка на документација и реконструкција на самиот објект и тоа во целост ќе биде изработено во „Куманово план“ и веќе е во завршна фаза, целокупната документација веќе е доставена на согледување односно на давање на мислење од центарот за културно наследство кој што мора да се произнесе, тоа е објект со културно значење за Куманово. Понатаму,  имаме една иницијатива која што сега ја спомнавме,  заедно Oпштина Куманово, Државната агенција за катастар и премер и министерството за финансии се договорија околу гасификација на комплексот Стар мерак односно со гасифицирање и заштитување треба да се направат некои интервенции во опожарениот дел кој што беше во министерството за финансии во имотни- правни работи, па Катастар сака да регулира греење. Општината веќе има обезбедено некои енергетски ефикасни интервенции , меѓутоа сега се договорија заеднички да се настапи,  односно со гасификација да се реши греењето , а со тоа и да се направи проект околу санација и реконструкција на фасадата затоа што ќе има одредени интервенции околу објектот и на објектот и да можеме тој објект малку да го освежиме, ревитализираме и да добие некој друг лик, што е значајно за Куманово, изјави Горан Митевски, директор на ЈП „ Куманово план“

Што се однесува до санацијата на Соколана, Митевски посочува дека веројатно помош ќе побараат од Чешката амбасада во Македонија бидејќи веќе им била понудена помош од нивна страна за обнова на овој објект.

-Соколана е исто така е предмет каде што како Европски град на спортот ние добивме одредени можности да аплицираме за санација на објекти , ама без проект не можеме ништо да направиме. Ние имавме одредени некои проекти во изминатиот период изготвувано, но меѓутоа не се во целост. Сега наша задача е како „Куманово план“  да ги споиме, да ги средиме , да изработиме ако е потребно нов, да побараме помош и ни е понудена помош од Чешката амбасада затоа што ист таков објект има во Чешка токму во родното место на амбасадорот, кој што е реконструиран и функционира. Мислам дека ќе имаме одредена помош од нивна страна за да се направи некаква компарација да се спореди , да се направи реконструкција па да добиеме одредени средства.

Што се однесува до активностите околу спортските објекти, вклучени сме и тука и помагаме  на општината затоа што општината има веќе започнато и нарачано проект за реконструкција на Спортска сала каде што ние ќе бидеме вклучени во довршување и изработка и повеќе околу атлетската стаза која што треба да се доработи, подготви за да се подготвиме за некои активности кои што ќе се случуваат во текот на оваа година и во текот на наредната година, изјави Митевски.

Активностите што се однесуваат до амбиенталната архитектура во целост ќе бидат поддржани од ЈП „Куманово план“  бидејќи тоа е во интерес на градот, на општината, на граѓаните и на архитектите кои што сакаат да бидат вклучени во реализација на проектот кој што е одобрен од страна на Европската делегација односно од прекуграничната соработка Македонија –Бугарија, потенцира директорот Митевски. Станува збор  во реконструкција на објектот на поранешниот хотел Солун , подоцна  хотел Србија и потоа  станбен објект на улицата  „Иво Лола Рибар“ .

Коментари

коментар(и)