Проект за „Подобрување на општинските услуги“

Градоначалници, претставници на јавни претпријатија од шесте општини од Североисточниот плански регион денеска се запознаа со можностите за користење на средства од  Вториот проект за подобрување на општинските услуги, на Министерство за Финансии и Светската Банка. Целта на проектот е да се обезбеди финансиска поддршка на локалните самоуправи во форма на долгорочни заеми, наменети за финансирање на инфраструктурата и други инвестиции кои имаа потенцијал за генерирање приходи односно остварување заштеди или пак се висок приоритет за општините. Беким Имери од канцеларијата на Светската банка потенцираше дека речиси сите средства од првиот кредит кој започна да се спроведува од 2009 година, се искористени.

-Нашето искуство и со првиот проект и од средбите е дека општините покажуваат голем интерес поради тоа што програмата е многу флексибилна не е врзана за еден сектор пример води туку финансираат каква било услуга која што е надлежност на локалната самоуправа и средствата не се лимитирани туку лимитот го определува нивото на кредитоспособност на локалната самоуправа. Заради овој начин на дизајн на проектот оваа програма може да соработува со било кои други програми, кои што ги спроведуваат во Македoнија или пак другите програми што се спроведуваат а се финансирани од буџетот на Република Македонија-изјави тој.

Проектот претходно беше промовиран во полошкиот, вардарскиот и пелагонискиот регион.

Коментари

коментар(и)