Промовирана „Магистрал за неа“ од Даница Петровска

„Магистрал за неа“ е насловот на новата стихозбирка на кумановската поетеса Даница Петровска, која синоќа беше промовирана во Центарот за култура. Се работи за дело кое е издадено благодарение на наградата Оскар на годината, која што ја освои Петровска со читање на песната „На ѓердек“ во Битола.

-Магистрал за неа всушност сите мои емоции, чувства се внесени тука, бидејќи поезијата е дел од себе и  пишувам јас често претежно поезија и  на еден начин е како елегична поезија зборува за љубов, страдање, убавини во љубовта. Претпоставувам дека ќе им се допадне во Куманово претежно ме знаат како готска жена бидејќи пишувам темна поезија ме имаат запознаено на мојата втора промоција знаат дека пишувам љубовно еротска поезија-истакна Петревска.

Делото пред кумановци синоќа го промовираше поетесата Милица Паулус.

-Знаеме дека нема само светлина на овој живот, нема само добри дела и секогаш ги запоставуваме полошите, ги оставаме настрана и многу сум среќна што има некој токму тоа поетско творештво да го негува, да се пренесува понатаму да бидеме реални да се сретнуваме и со убавите нешта, со добрите и со тие што не сакаме да ги споменеме. Инаку таа е поетеса позната во Македонија, афирмирана има неколку стихозбирки издадено и многу е активна на литературното поле-додаде таа.

Петровска досега ги има издадено стихозбирките Елегична по тебе, Моите Митарства, Готска жена.

Коментари

коментар(и)