Промовирана стихозбирката „ Детски лирски треперења“

Во основното училиште„ 11 Октомври “ денеска беше промовирана стихозбирката  „Детски лирски треперења“  во издание на Сојузот за грижи и воспитување на децата. Книгата која традиционално се промовира во текот на детската недела, годинава се поклопи и со патрониот празник на училиштето „ 11 Октомври“  кое токму поради таа причина беше избрано од Здружението за грижи и воспитување на децата да биде домаќин на настанот.

– На оваа средба поканети беа сите училишта, ученици со нивните ментори кои што се членови на литературни секции коишто сами творат, имавме можност да ги слушнеме песните што ги има во овогодишната детска стихозбирка, манифестацијата ќе продолжи и понатаму, секоја година изјави Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижи и воспитување на децата

На литературниот конкурс  „Сите заедно за подобро утре “ се пријавиле триесетина ученици од сите основни училишта со свои лични творби, од кои најквалитетните се собрани во една мала книга насловена Сите заедно која ќе биде подарена на првиот човек на градот.

– Првенствено оваа книга произлезе како еден мал подарок за градоначалникот од нашето здружение, која што би требало да биде од оваа година како зачеток на еден ваков гест спрема градочалникот, со што секоја година ќе имаме едно вакво издание, рачно изработено, рачно издадено и уникат во секој поглед.  Селектирав по основ на квалитет на изразување и по квалитет на чувство што го пренесуваат со таков вид на песничка, Изјави Александар Стефановски,професор по ликовно образование

-Желба ми беше да учествувам во сите активности во училиштето, да глумам, да читам  и творам песни,  изјави инспирацијата ми доаѓа од лектирите што ги читам особено од Горјан Петрески, изјави Теа Димковска, ООУ „11 Октомври“

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на училиштето  „ 11 Октомври “кое прославува  51 година од своето постоење утринава се одржа турнир во мал фудбал во кој учествуваа ученици од сите училишта во градот, а првачињата беа примени во Детската организација.

-Во 10 часот имавме прием на првачиња во детската организација, со пригодна приредба, постарите ученици им посакуваат добредојде на првачињата,поетско читање во соработка со Здружението  за грижи и воспитување  на децата, во петок централна манифестација музичко-ликовен хепенинг  под наслов Имагинариум, ќе имаме музички концерт и ликовна колонија, да пуштиме детската фантaзија и имагинација да дојдат до израз, изјави Елизабета Костиќ, директор на ООУ „11 Октомври“

Коментари

коментар(и)