Промовиран најновиот роман на Венко Андоновски

Пред голем број љубители на пишаниот збор вчеравечер  во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ се одржа промоцијата на најновиот роман на авторот Венко Андоновски – Папокот на светлината.

Венко Андоновски е еден од најчитаните и најизведувани драмски македонски автори во во последниве две децении. Неговиот роман „Папокот на светот“ до сега е печатен во 15.000 примероци, а „Вештица“ во 11.000. Делата му се преведени на десетина јазици. Досега најновиот роман Папокот на светлината е продаден во повеќе од 2000 примероци како што изјави промоторката.

Промоторка на романот беше професорката на Филолошкиот факултет Блаже Конески, Кристина Николовска која преку стручна анализа и прецизно, со префинета експликација го доближи најновиот бестселер на Венко Андоновски.

Како што изјави и самиот писател дека поентата на секоја промоција е после истата да не бидеме повеќе истите ние, така е и со оваа промоција – кога ќе излеземе од неа да не бидеме повеќе истите, да се обидеме да го разбудиме човекот во нас и да се запрашаме дали можеме да станеме добар човек. Пред се да се обидеме самите да ја најдеме смислата на животот кој го живееме, а тоа го можеме самите ние – посочи авторот.

Коментари

коментар(и)