Промовиран проектот „Кумановци за Куманово“ (ВИДЕО)

„Кумановци за Куманово, староградска разгледница“ е насловен носачот на звук и документарниот филм, кој синоќа беше промовиран во Занаетчискиот дом.  Иницијативата за проектот е на Здружението Мултиарт од Куманово, во кое се инволвирани околу 40 истакнати музички имиња од градот. Проектот доби поддршка од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

-Во документарните материјали кои вечерва се емитуваат повеќето учесници преку своите куси но пригодни говори ги истакнаа сите потребни информации со кои би требало да се запознаеме со проектот Кумановци за Куманово. Но неизбежно е да се нагласи дека до овој документарен филм дојде спонтано по иницијатива на вработените во Фондацијата за култура и спорт кои сакаа да го испромовираат овој проект, на сосема поинаков начин од минатиот пат, кога имавме прилика да ги слушнеме само песните како еден финален производ. Преработени се девет композии, од истакнати музички имиња од Куманово. Самиот проект настана на иницијатива  на Здружението Мултиарт а несебично беше поддржан и од градоначалникот и Советот, како и Фондацијата за култура и спорт која вложи напори успешно да го реализира сето ова-истакна пред присутните Марио Арангеловски, од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)